Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home1/hostflax/public_html/trip2macedonia.com/PHP/include/database.php on line 24
Корисни информации за возачите на патиштата низ Р.Македонија

Корисни информации за возачите на патиштата низ Р.Македонија

Патиштата во Република Македонија

На патиштата во Република Македонија задолжително е користење на светилки, дење и ноќе, на сите патишта, магистрални, регионални или локални, како и во населените место.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 45 ЕУР.

Максимална дозволена брзина

Огрничувањата на брзините на патиштата во Република Македонија се:
-130 км/ч на автопат,
-110 км/ч на пат резервиран за моторни возила,
-60 км/ч во населени места.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 45 до 300 ЕУР, во зависност од процентот на пречекорувањето на брзината.

Фрлање отпадоци

Забрането е фрлање и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци, освен на места определени за таа намена. Зарането е оставање на фекални остатоци од домашни миленици. Забрането е паркирање на возила на растојание до десет местри од контејнер.
Во случај на непочитување некоја од горенаведените забрани глоба во износ од 50 ЕУР ќе биде наплатена на прекршителот.

Глоба

Во случај на прекршување на некоја одредба од законот за сообраќај и повлекувањето на задолжителна санкција (глоба), истата смее да ја изрече униформиран полициски службеник , но глобата се плаќа во најблиската банка или пошта. Не е дозволено плаќање на глобата на самото место, на униформираниот полициски службеник

Плаќање на глоба

Забрането е плаќање на глоба на самото место, во готово-кеш на полицискиот службеник. Во случај на инсистирање на таква постапка од страна на униформираниот полициски службеник, вашата должност е случајот да го пријавите во најблиската полициска станица.

Сигурносен појас

Во Република Македонија задолжителна е употребата на сигурносен појас за сите патници на сите седишта каде што има вградено сигурносен појас.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 20 ЕУР.

Алхохол во крвта

Лимитот на дозволено количество на алхохол во крвта е 0,5 промили.
Кај професионалните возачи НЕ Е ДОЗВОЛЕНО присуство на алхохол во крвта. Границата е 0,0 промили.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 250 до 400 ЕУР, во зависност од пречекорувањето на процентот на алхохол во крвта, во секој случај на утврден процент на алхохол во крвта, поголем од пропишаното, возачот ќе биде исклучен од сообрарќајот.

Совозачко седиште

На предното совозачко седиште не смее да се превезуваат деца до 12 годишна возраст и лица кои се под дејство на алхохол.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 45 ЕУР.

Користење мобилен телефон

Возачот не смее да користи мобилен телефон за време на возењето.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 45 ЕУР.

Зимска опрема

Поседувањето и носењето на зимска опрема е задолжително во период од 15-ти ноември до 15-ти март.
Непочитување на оваа одредба од законот повлекува глоба во износ од 45 ЕУР.

Пријавување туристички престој

Странците кои не користат услуги од правни и физички лица кои даваат услуги на сместување со наплата или кај други лица, должни се самите да го пријават своето престојувалиште во Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа од часот на преминување на државната граница.
Глоба во износ од 600 до 1000 ЕУР ќе му се изрече за прекршок на странец кој не пријавил, односно одјавил престојувалиште