Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home1/hostflax/public_html/trip2macedonia.com/PHP/include/database.php on line 24
Црква Св. Софија - Места кои што треба да се посетат во Охрид |travel2ohrid

Како да резервирате?

Информации за возачи

Црква Св. Софија

Влез:
0 .ден

Оддалеченост: 0.1

Локација: star grad

Работно време: 08:00 - 20:00

Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески.
Првобитно Св. Софија била синодска црква на Охридскиот Архиепископ,
но за време на Отоманската империја била претворена во џамија.
Внатрешноста на црквата е зачувана со нејзините фрески од 11-тиот, 12-тиот и 13-тиот век кои го предстауваат врвот на византискато фрескосликарство во своето време.
Главниот дел од црквата е изграден во 11-тиот век, додека надворешните надоградби се изградени по наредба на архиепископот Григориј во14-тиот век.



Во XI век Св. Софија била "голема црква" на Охридската архиепископија која што својата црковна власт ја проширила над огромна територија, од реката Дунав до албанските брегови на Јадранското Море и Солунскиот залив. Во текот на наредните векови оваа црковна организација уживала голем углед во православниот свет, а охридските поглавари го истакнувале нејзиното јустинијанско потекло. Тогаш местото на архиепископи го заземале најистакнати личности како што биле архиепископот Теофилакт во XII век и архиепископот Димитриј Хоматијан, во XIII век, биографи на словенскиот просветител Св. Климент Охридски.



Разните преправки, доградувања и преѕидувања, значително ја оштетиле Света Софија. Веднаш по Втората светска војна беа преземени мерки, овој споменик да се зачува од натамошно пропаѓање. Во 1949 година почна чистењето на фреските, кои беа варосани од Турците. Истовремено е извршено и нивно копирање за изложбата "Средновековната уметност на народите на Југославија" која се одржа во палатата Шајо во Париз.



Локацијата на карта