Како да резервирате?

Информации за возачи

Куќата на Робевци

Влез:
100 .ден

Оддалеченост: 0.01

Локација: star grad

Работно време: 08:00 - 20:00

Куќата на Робевци во Охрид, во која денес е сместен Археолошкиот музеј и етнолошката поставка, се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век.







Нејзините проучувачи ја опишуваат како пример на конструктивна виртуозност, со потенцирана динамика на волумените компонирани хармонично во единствена целина. Во третманот на надворешноста на објектот, како и во димензионирање на просториите и нивната обработка, е забележлива желбата на сопствениците кон истакнување на нивната економска моќ.







Куќата е заштитен споменик на културата и ја сочинуваат три ката, плус најгорниот кат т.н. "ширван". Во долниот дел се наоѓаат изложени епиграфски споменици од Охрид и околината, како и вредните експонати:"Миљоказ" (пронајден на патот Виа Игнација), двете торза на божицата Изида и др. Археолошките експонати датирани од праисторијата до средновековниот период се изложени и на вториот и третиот кат.








Во ширванот од куќата, која плени со својата надворешност, но и внатрешност, се презентирани примероци на предмети изработени во "охридска резба", дела на познати мајстори од градот и околината.








Во источниот дел од катот може да се види и етнолошката поставка на предмети од покуќнината на семејството Робевци (ковчези, родослов, зачувана фреска од Дичо Зограф од 1862 година, лекарската торба на Константин Робев и др.)




Локацијата на карта