Како да резервирате?

Информации за возачи

Самоилови тврдини

Влез:
50 .ден

Оддалеченост: 0.1

Локација: star grad

Работно време: 08:00 - 20:00

Денешната форма на тврдината е од времето на Самуил, иако што во историските извори се споменуваат разурнувања од страна на Василие II и на подоцнежните освојувачи. Последен владетел на Охридската тврдина бил Џеладин Бег (1800 - 1830) кој се оттргнал од османлиската власт и како самостоен феудалец владее со градот и кој оставил на оваа тврдина траги од крвавиот кулук. Највисокиот дел на Охрид, кој се издига 100 м. над нивото од Езерото, е опфатен од централниот дел со ѕидови високи 10 - 16 м. и одбранбени кули. Влезот во централниот дел е со голема порта и две полукружни одбранбени кули.



Еден дел од надворешниот бедем се спушта кон запад во месноста Лабино, а другиот крак ја преминува надворешната “Горна Порта” ја зафаќа месноста “Дебој” и оттука кон југ се спушта кон Езерото. На местото “Дебој” се наоѓа третата порта, а потоа следува Челната порта, кај денешната црква Св. Богородица Челница и на дваесетина метри од брегот на Охридското Езеро се наоѓа Долната порта. Денешниот изглед на тврдината е со 18 кули од кои 3 полукружни и 15 квадратни со четири големи порти. Како што напоменавме тврдината претрпела многубројни поправки, а тоа најповеќе се гледа на самата Горна Порта во која се вѕидани многубројни мермерни сполии со грчки и римски натписи, кои потекнуваат од античките и римски згради, со какви што овој терен е преполнет.



Уште од V век Охрид се споменува од страна на римските историчари како добро утврден град со многубројни кули, кој, како и другите римски градови, се брани од силните напади на скитачките племиња. Во 497 г. ја одбива опсадата на готскиот крал Teodorih. Словените навлегуваат во градот, без некои големи уривања, а во Х век Охрид, како престолнина на Македонскиот цар Самуил, има обновени и доста јаки тврдини.

Локацијата на карта