Како да резервирате?

Информации за возачи

Св. Јован Канео - Охрид

Влез:
0 .ден

Оддалеченост: 0.03

Локација: star grad

Работно време: 08:00 - 20:00

На југо-западниот дел од ридот, веднаш над Охридското Езеро, се наоѓа црквата посветена на Свети Јован Богослов- Канео. Кога е таа изградена и живописана точно не се знае, но врз основа на еден документ , кој зборува за имотот на црквата, се претпоставува дека е создадена пред 1447 година.









Старата црква е во форма на впишан крст со правоаголна основа со тространа апсида на источната страна и октогонална купола. Значајно е да се каже дека кај оваа црква се постигнати хармонични облици во градбата и мошне успешно е декоративното обликување на фасадите и кубето.








Архитектурата на оваа црква е значајна за проучување на средновековните споменици на културата. Прифатено е гледиштето дека градителот направил мошне успешен спој меѓу византиската и ерменската школа на градба.




Локацијата на карта