Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home1/hostflax/public_html/trip2macedonia.com/PHP/include/database.php on line 24
Заливот на коските - Места кои што треба да се посетат во Охрид |travel2ohrid

Како да резервирате?

Информации за возачи

Заливот на коските

Влез:
100 .ден

Оддалеченост: 14 km

Локација: Gradiste

Работно време: 08:00 - 20:00

Локалитетот на оваа праисториска наколна населба е на полуостровот и автокампот Градиште, на длабочина од 3 до 5 метри. Најблискиот колец од вкупно 6.000 откриени е на 12 метри во езерото, со што се претпоставува дека е тоа колец од мостот што ја спојувал населбата. Се претпоставува дека се простирала на околу 8.500 квадрати платформа, а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На локацијата се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни, како, на пример, рогови од елен.



Наколните населби биле градови правени на платформи, кои стоеле на дрвени колови забодени на дното на езерото. На тие наколни платформи се наоѓале куќите на праисториските луѓе, кои со подвижен мост биле споени со брегот. Жителите на овие населби се занимавале најмногу со риболов, но и со земјоделство и лов. На ова укажуваат разните садови и предмети од керамика и камен пронајдени и на суво и под вода.



Од праисторијата, антиката, средновековието до денес. цивилизации и наследство кои ги чинат темелите и корените на оваа земја. Последните години на 20 век во Македонија се разви дотогаш една непозната област, подводната археологија и набргу доведе до неколку значајни откритија.


Локацијата на карта