Како да резервирате?

Информации за возачи

Плаошник

Влез:
0 .ден

Оддалеченост: 0.1

Локација: star grad

Работно време: 08:00 - 20:00

Плаошник или Плаош се нарекува месноста на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250м јужно од централниот дел од Самуиловата тврдина.




Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски. На 11 август 2002 година свечено бил осветен новоизградениот храм Светите Климент и Пантелејмон, кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели.
Црквата била урната во периодот на Отоманското владеење и на нејзината основа била изградена џамија. По реставрацијата во 2002, по 530 години, овде повторно се пренесени моштите на св. Климент Охридски кои во меѓувреме биле сместени во црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид.



Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и Пофалното слово за Кирил, ремек-дело на средновековната словенска книжевност.
Археолошки истражувања на Плаошник се вршени повремено во текот на 20. век, а од 1999, се вршат континуирано и систематично. Главно наодите можат да се поделат на пред-климентов период кој го опфаќа периодот од праисторијата до 9.век, и климентов период кој започнува од 893. година кога Св. Климент Охридски ја изградил црквата Свети Пантелејмон, па сѐ до заземањето на Охрид од страна на турците во 15. век.

Локацијата на карта