Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home1/hostflax/public_html/trip2macedonia.com/PHP/include/database.php on line 24
Како да резервирате сместување ?

Како да резервирате сместување ?

Со само неколку едноставни чекори можете да резервирате сместување за Вашиот одмор дирекно од Вашиот дом, каде и да се наоѓате во светот.Во следниве чекори ќе Ви помогнеме како успешно да резервирате сместување од нашата понуда.

1. Пребарување на сместување

За да најдете сместување кое најмногу одговара на Вашите потреби, можете да ги кориситите пребарувачите на нашата страница. Пребарување можете да вршите по категорија, реон, оддалеченост од центар , езеро или автобуска станица, цена. Формата за овој тип на пребарување се наоѓа во левиот горен агол на секоја страна.

Друг тип на пребарување е пребарување со помош на карта. Се што треба да направите е да кликнете на менито "Барај сместување" и да го изберете објектот кој што најмногу одговара на Вашите потреби.

2. Избор на сместувачки капацитет

Со цел што полесно да го изберете објектот кој највеќе одговара на Вашите потреби Ви овозможуваме голем број на информации за секој од објектите.За секој објект ќе пронајдете детален опис, голем број на фотографии и точната локација на карта.

За секој објект ќе најдете информации за сместувачките единици (собите односно апартманите во објектот ). За секоја од сместувачките единици Ви стојат на располагање типот, цената, дополнителни информации и бројот на такви единици.

Откако ќе ја одберете сместувачката едниница која Ви одговара (може да се повеќе од една) изберете го бројот на такви единици. Во горниот дел изберете го датумот на пристигнување и заминување како и бројот на возрасни особи и деца и притиснете на копчето "Резервирај сместување"

3. Пресметување на цените и проверка на расположливост

По притискање на копчето "Резервирај сместување" се пренасочувате на друга страна на која се наоѓа детален опис на Вашиот избор(локација, пристигнување, заминување, број на возрасни, број на деца, број на ноќевања), како и детална пресметка на вкупната цена.
Веднаш под овие информации се наоѓа форма за внесување на Вашите лични податоци кои служат исклучиво за контакт со Вас. Полињата кои се означени со * се задолжителни.

После пополнувањето на формата се притиска на копчето "Резервирај сместување". Ќе добиете порака дека Вашето барање за резервација се разгледува од нашите оператори, а детали ќе добиете на Вашата е-маил адреса.

4. Потврда на резервацијата

Веднаш штом го добиеме Вашето барање за резервација, нашите оператори пристапуваат кон проверка на расположливоста на резервацијата. Максимално време за оваа проверка е 24 часа, но обично трае многу пократко. Доколку резервацијата е потврдена на Вашиот е-маил кој претходно го внесовте ќе добиете известување за расположливоста, информации за резервацијата, како и линк за уплата на резервацијата. Уплатата на резервацијата процент од вкупната сума, останатиот дел го плаќате при пристигнувањето во објектот. Со притискање на копчето "Уплати резервација" се пренасочувате на формата за уплата на резервацијата.

5. Уплата на резервација

Уплата на резервацијата се врши исклучиво online, со внесување на податоците од Вашата картичка. Процесирањето на уплатата се врши преку Интернационален Картичен Систем - CaSys, кој што ја гарантира сигурноста. За да се уверите во валидноста на CaSys можете да ги погледнете нивните сертификатите. Системот покрај МasterCard и VISA картичките, прифаќа и други типови на картички.

По уплатата на резервацијата на Вашата е-маил адреса ќе добиете потврда, заедно со податоците за лицето кое менаџира со објектот, локацијата на објектот и бројот на купон за резервацијата.Со тоа резервацијата е успешно реализирана.